На 11-ти септември во малата сцена на Народниот театар во Ниш одржа се целовечерен концерт на членовите на “Академијата ЕУРОАРТ„ од Штип.
Гостите од Македонија со музика, народни игри, песни и ора од источниот дел на Македонија ги дочараа подготовките, одвивањето на сеидбата, жетвата, веселбите, бендисувањето и другите народни обичаи.
Целиот концерт беше проследен со громогласен аплауз, а на самиот крај на концертот, гостите заедно со публиката, запееа и заиграа македонски и српски песни и ора.
Настанот е организиран во рамките на 12та манифестација "Денови на македонската култура во Ниш".
фото, извор: макинфо.рс