Третата вечер, 12-ти септември, на манифестацијата "Денови на македонската култура во Ниш" беше резервирана за книжевна вечер. Настанот се одржа во собраниската сала на Градската Општина Медијана, на која се претставија младите писатели на поезија и проза, членови на “Академијата ЕУРОАРТ„ од Штип.
Голем број млади поети ги презентираа своите дела кои академијата ги има печатено и изложено на увид на публиката која можеше да ги погледа и прочита.
Сите дела кои беа изложени академијата ги поклони на здружението во знак на сеќавање на овој настан, но и како потстрек за понатамошна соработка.
фото, извор: макинфо.рс