На хуманитарен концерт "За нашиот храм" во Јабука учествуваа и членовите на Фолклорната секција на Домот на култура од Глогоњ со своите "Игри од Македонија".
Настанот е организиран од Здружението "Илинден" и КУД "Васил Хаџиманов" од Јабука. Настанот собра голем број љубители на фолклорот, традицијата и хуманоста, кои со своето присуство ја поддржаа заедницата и благородната цел - изградба на православниот храм Свети Илија во Јабука.