Отворена изложбата "Пресек за скулптурата над" во КИЦ Белград

25 Septembar, 2025
Blog Image

Во КИЦ Белград беше отворена изложбата "Пресек за скулптурата над" од македонскиот скулптор Славчо Спировски.

Настанот го отворија директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров и новинарот од Македонското радио, Тони Цифровски.

Исклучително внимание на настанот предизвика и појавувањето на македонскиот славен пијанист Симон Трпчески, кој дојде во Белгард специјално за овој повод.

Изложбата е реализирана со поддршка на македонското Министерство за култура и туризам, а посетителите на КИЦ Белград ќе може да ја посетат изложбата до средината на октомври. 

фото, извор: КИЦ Белград