Во рамките на одбележувањето на „Детската недела“, во Јабука беше одржан маскенбал за најмладите. Децата во Домот на културата „Кочо Рацин“ ги претставија своите маски и уживаа во играта со другарчињата, а сè беше дополнето со дружење со аниматори.
Детската недела во Јабука вклучуваше богата и разновидна програма, па покрај маскенбалот за најмладите беа организирани и бројните други активности: различни работилници, спортски ден, базар и слично.
Манифестацијата „Детска недела“ во Јабука ја организираше Месната заедница Јабука во соработка со Домот на културата „Кочо Рацин“ и Основното училиште „Гоце Делчев“.