Подароци за првачињата од Македонскиот информативен и издавачки центар

27 Avgust, 2025
Blog Image

Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ им го честита почетокот на учебната година на сите ученици. Оваа установа ја продолжува традицијата и подарува симболични подароци на сите првачиња. Сите првачиња (или нивните родители) кои ќе се обратат до 31 август на е-поштата niu.miic43@gmail.com, како подарок ќе добијат бесплатно годишно членство во клубот на читатели на оваа установа, основен школски прибор, како и некое од изданијата на Македонскиот информативен центар за среќен почеток на новата учебна година.