И оваа година, Здружението „Вардар“ од Качаревo беше организатор на традиционалниот Зелник фест. На 16-тото натпреварување во изработка на овој македонски специјалитет, како и секоја година, учествуваа македонските здруженија од Јужен Банат и цела Србија.
Целта на манифестацијата не е само да ги собере љубителите на традиционалните јадења, туку и да ги зачува старите рецепти од заборав.
Настанот е организиран со поддршка на Националниот совет на македонската национална заедница.