Традиционален концерт ја заокружи илинденската прослава во Јабука

03 Avgust, 2025
Blog Image

Централната прослава на „Илинден“ во Јабука традиционално заврши на 2 август со голем концерт во организација на Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов“. Во богатата програма учествуваа, покрај домаќините, бројни културно-уметнички друштва од Војводина и Србија. Најголемото внимание од публиката привлекоа настапите на пејачката група „Тоше Проески“ од Качарево, како и гостите од Северна Македонија.